Градежен работник бил навредуван од жена во продавница, па и одржал добра лекција

Градежниот работник Енди Рос од САД бил навредуван од жена со дете откако влегол валкан во продавница, но решил да и одржи лекција. Нормално е да носиме нешто пристојно и чисто кога одиме на шопинг, нели? Но, кога сте градежен работник кој по работа уморен оди во продавница за да купи нешто за јадење, тогаш не ни помислувате на чиста облека.




Енди Рос од САД извесно време е градежен работник, а неодамна доживеа непријатно искуство по кое решил да одржи лекција на една жена. Кога еден ден влегол валкан во продавницата, една жена со дете го погледнала чудно и и рекла на својата 8-годишна ќерка: „Мораш да бидеш добра на училиште поради вакви работи“.




Иако е за пофалба што се грижи за образованието на детето, очигледно не и беше проблем да навредува човек кој напорно работи за неа и чесно ги заработува нејзините пари. Решил да започне разговор со неа и да и открие уште неколку детали за себе: „Прво, јас сум всушност многу добро образована валкана личност. Завршив средно училиште, факултет и имам многу лекарски уверенија.




Да се претпостави дека некој е необразован поради својот физички изглед не е убаво… Јас самиот избрав да работам во градежниот сектор. Со гордост можам да кажам дека на некој начин ја градам Америка и уживам во мојата работа.




Се обидов да работам други работи, но тоа не е за мене. Сакам да бидам надвор и да работам со моите раце, мојата сила. Затоа некогаш бев валкан. Добро заработувам, имам добри работнички права и можам да го прехранам семејството. Мојот изглед нема никаква врска со интелигенција и образование “.




Мајката се чувствуваше засрамено затоа што нејзините предрасуди навредуваа човек кој беше исто толку образован како таа (можеби и повеќе).




И во Македонија имаме многу луѓе кои завршиле факултет, а не се занимаваат со својата професија, па оваа приказна е поучна за нашите простори. Почитувајте ги другите затоа што не ја знаете нивната животна приказна.