ДАЛИ Е ОВА НАЈУБАВАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА: Ќе се зачудите како оваа девојка му честитала роденден на своето момче!

Луѓе од целиот свет се вклучија во изненадувањето што оваа девојка го подготвува за роденденот на своето момче.




Милена Станковиќ (24) од Власотичин смислила оригинален начин да му каже на своето момче Виктор Христовски (33) од Куманово дека го сака, и тоа за неговиот 33 роденден.




Ѝ помогнаа луѓе од целиот свет, од над 100 земји.
Меѓу нив се познатиот македонски писател Коста Петров, како и влијателниот блогер Милан Вучиќевиќ, попознат како Ничим Изазван.




Таа направи група на Фејсбук и ги покани луѓето да и напишат на својот мајчин јазик „Виктор, Милена те сака“, да се сликаат и да ја испратат сликата. Мислела дека нема да стапат во контакт со неа повеќе од триесет луѓе, но ситуацијата била сосема поинаква.




– Виктор не сака материјални работи, па морав да сфатам како да го изненадам на оригинален начин за неговиот роденден. Направив група на Фејсбук и ги замолив луѓето со добра волја да напишат „Виктор, Милена те сака“ на лист, но на нивниот мајчин јазик и така се сликаат. Мислев дека нема да се јават многу луѓе, меѓутоа се јавија луѓе од над 100 земји во светот – вели Милена.




Во акцијата учествувале 500 луѓе, а настаните на групата ги следеле околу 1.600 луѓе.
– Коста Петров е омилениот писател на Виктор. Инаку, неговите две книги беа бестселери во 2013 година во Македонија. Го контактирав и бев пресреќен кога се согласи да ми помогне. Нему му требаше малку време, но мене многу ми значеше. На „помош“ му се јавив и на нашиот познат блогер, кој со задоволство ми одговори, тој е Ничим Изазван – додава Милена.




Од сите пристигнати слики Милена направи видео во кое во позадина се слуша песната „Одмини ми го здивот“. Таа на 16 април на полноќ му покажала на Виктор изненадување, а тој шокиран „паднал од столот“.
– Во моментов не знаеше што да каже, беше шокиран, позитивно, се разбира. Потоа ме бакна, ми се заблагодари и рече дека тоа е најубавиот подарок што го добил – вели Милена.




Милена дипломирала новинарство на Филозофскиот факултет во Ниш, а во Белград ги завршува магистерските студии на Воено-медицинската академија, додека Виктор се занимава со приватен бизнис и тренира бокс.




Тие се запознале на семинар во Хрватска и веднаш се родила љубов меѓу нив.
Тие се заљубиле и оттогаш не се разделуваат, туку преку телефон и скајп, бидејќи биле далеку еден од друг.




Далечината си го направила своето, па пред неколку дена почнале да живеат заедно во неговиот дом во Куманово.




Подолу можете да погледнете некои од најинтересните слики кои луѓето ги испратиле од целиот свет, а останатите можете да ги погледнете во видеото на крајот.