Дали знаете шо е таа бела „дамка“ во сурово јајце? (ВИДЕО)

Сигурно ви се случило во животот кога ќе скршите јајце да забележите сосема бела дамка, точка, лента, како сакате наречете ја, токму помеѓу белката и жолчката.

Урбаната легенда веќе завладеа – повеќето луѓе веруваат дека тоа е всушност ембрион, нешто што требало да прерасне во пиле да не бевме толку сурови и да го прекинеме неговиот потенцијален раст и развој.

Сепак, не се работи за папочната врвца. Се работи за Хелаза.

Може да се најдат од двете страни на жолчката, а всушност нивната главна цел е да ја чуваат во средината на белката. Со други зборови, тие делуваат како сидро за жолчката.

како што пишува Хафингтон пост, всушност е знак дека се работи за свежо јајце.

Хелаза, всушност, исчезнува како што старее јајцето, па ако по скршењето на јајцето не ја најдете таа бела, лигава материја, тоа може да биде знак дека јајцето долго време седи во продавницата или во вашиот фрижидер. .