Дали имате видено ваков снег?

Француските истражувачи се обидуваат да откријат што се крие зад овој фасцинантен феномен – кога снегот добива необична црвена боја.




Иако француските Алпи се покриени со снег во текот на зимата и пролетта, во лето снежните наслаги добиваат различни нијанси од розова до светло црвена боја.




Која е причината за ваквиот снег? Се верува дека цутот на црвените микроалги е причина за се, а истражувањата покажуваат дека слични работи се случуваат и на други планински врвови ширум светот.




Сепак, иако алгите се појавуваат во се поголем број во планините, изгледот на нивното цветање досега не е најдобро објаснет.
Затоа научниците од неколку различни институти одлучија да истражуваат видови на алги, изјави Ерик Маршал, раководител на лабораторијата за физиологија на растенијата на Универзитетот во Гренобл, објави Live Science. Тие ги набљудувале алгите на француските Алпи за да откријат кои видови живеат таму и поради што почнуваат да поцрвенуваат.




Иако алгите можат да произведат големи количини кислород, тие од време на време можат да се размножуваат со таква брзина што всушност ја нарушуваат природната рамнотежа, што доведува до светла боја.




Бојата зависи од пигментот. Аделин Стјуарт, која работеше на своето истражување за време на докторските студии, вели дека алгите се „основата на сите екосистеми“. Црвената, зелената, сивата или жолтата нијанса зависи од нивните пигменти и други молекули што ги користат алгите за да се заштитат од ултравиолетово зрачење.




На прашањето што ги прави алгите да цветаат, тие утврдиле дека на тоа може пресудно да влијаат човечките фактори. Бидејќи овие нијанси апсорбираат повеќе сончева светлина, снегот се топи. Тоа, на долг рок, може да ги намали глечерите, велат научниците.