Дали сте незадоволни од животот? Ова видео е за вас!

Видеото ги открива приказните на три лица, две жени и еден маж, кои на свој личен начин трагаат по внатрешно исполнување и значење.

Поради секојдневното незадоволство од животот, не успеваат да ги согледаат позитивните работи во животот, а среќата им изгледа нешто недофатливо.

Како што се одвива нивната приказна, тие се повеќе откриваат дека одговорот на прашањето „Како да се биде среќен?“ сепак се наоѓа во нив.