Дал отказ од работа и се преселил на таванот кај својата љубовница – Живеел таму со години

Доли Остерејх, жена која е родена во Германија во 1880 година, останала позната по најбизарниот скандал во историјата. Се омажила за богат сопственик на успешна фабрика за престилки, но не била среќна во бракот. Набрзо го пронашла својот прв љубовник, а потоа и останатите се наредиле. Бизарната приказна започнува еден есенски ден во 1913 година кога таа го замолила нејзиниот сопруг Фред Остерејх да испрати еден од вработените да и ја поправи машината за шиење. Кога седумнаесетгодишниот Ото Санхубер тропнал на вратата, Доли го чекала практично гола. Тој никогаш не ја поправил машината, но тој ден го означил почетокот на нивната врска која траела со години.

Како што тогаш пишувал ЛА Тајмс, најпрвин вљубениот пар се среќавал во хотели, но набрзо почнале да се забавуваат и во нејзината куќа. Висконсин бил синоним за конзервативното општество во тоа време, а соседите почнале да протестираат поради честите посети на непознат млад човек кај мажена жена. После тоа, Доли добила сосема луда идеја. Ото поднел оставка и се преселил на таванот нкај Доли, каде што ќе можел да ужива во придобивките од врската без љубопитните погледи од соседството. Ото морал да се откаже од секаков контакт, освен од секојдневните задоволства со Доли. Тоа не му пречело премногу, па набрзо почнал да живее на таванот.

Во текот на вечерта читал книги кои Доли му ги носела, а преку ден се забавувал. Бидејќи имал премногу време, размислувал да стане писател. По пет години таен, практично затворски живот, Ото успеал да објави неколку романи под псевдоним, но Фред Остеррајх почнал да тоне во лудило. Слушал необјасниви звуци од таванот, пурите му исчезнувале, а често гледал сенка како поминува пред вратата од спалната соба. Во 1918 година, тој решил да се пресели со Доли во Лос Анџелес, но не можел ни да сонува дека ќе го следи дух.

Доли се согласила да се пресели, но под услов новата куќа да има и поткровје. Парот сè повеќе се расправал, а кога во 1922 година избила жестока кавга, загрижениот Ото слегол од таванот и го убил Фред за да ја заштити својата љубовница. Малку испаничени се договориле Ото да ја затворат Доли во плакарот и да се преправаат дека некој влетал во куќата за да ја ограби и попат да го убие Фред.

Полицијата поверувала во приказната бидејќи немала причина да се сомнева, на крајот на краиштата, Доли по убиството била заклучена во плакар. Вдовицата наследила богатство и стекнала слобода и продолжила да ужива во љубовта со Ото, но продолжила да го чува на таванот, а Ото се чувствувал како роб. Доли потоа се свртела кон нови љубовници. Таа започнала врска со адвокатот Херман Шапиро, но и со нејзиниот трет љубовник Рој Клумб. Таа по грешка на Херман му го дала часовникот на покојниот Фред, часовникот за кој пријавила дека исчезнал за време на кобното убиство. Во една прилика, по сериозна расправија, Рој сакал се да и каже на полицијата. Некаде во тој период Доли му рекла на Херман дека треба да го нахрани својот полубрат кој во тие денови се криел на таванот.

Ото бил пресреќен затоа што за прв пат по речиси десет години разговарал со некој друг освен со Доли. Херман се шокирал кога го видел Ото како останува на таванот и веднаш го избркал.Ото толку се исплашил што побегнал во Канада. Неколку години подоцна, во 1930 година, Херман и Доли раскинале во очај разочараниот адвокат ѝ кажал на полицијата.

Полицијата го уапсила и го ставила на обвинителна клупа. На Ото му се судело во отсуство, но и покрај тоа што бил прогласен за виновен, делото застарило и тој продолжил да живее како слободен човек. Доли нашла нов љубовник со кој живеела среќно во следните триесет години, а на крајот се венчале.