Дански уметник создал неверојатни скулптури длабоко во шумата

Данскиот уметник Томас Дамбо е познат по своите огромни и неверојатни скулптури направени од рециклиран материјал и сместени длабоко во шумите во близина на Копенхаген.

Како што наведува на својата веб-страница, Дамбо отсекогаш бил заинтересиран за градење. Иако одел во училиште за столарија, тој вели дека „му здосадило да го повторува истото и се пријавил во училиштето за дизајн Колдинг, каде што дипломирал во 2011 година“.

Неговата уметност сега привлекува локални и странски посетители кои сакаат да ги искусат неговите неверојатни џинови и тролови направени од дрво. Уметникот се надева дека ќе ги инспирира луѓето да се забавуваат и да почнат да гледаат на ѓубрето како ресурс Томас работи со група волонтери кои собираат материјал и му помагаат да изгради и инсталира скулптури. Во знак на внимание, секоја скулптура беше именувана по личност која одвоила време да помогне во овој проект.

Користејќи рециклирани материјали како дрво, стотици палети, огради, па дури и стари куќи, скулптурите оживуваат без да создаваат дополнително ѓубре. Тимот честопати скока во контејнерите за да дојде до материјалот. Дамбо „се надева дека ќе ги инспирира луѓето да се забавуваат и да почнат да гледаат на ѓубрето како ресурс“.

Доколку се најдете во областа и наидете на скулптура, во близина ќе можете да најдете и камења изгравирани од Дамбо. Секој камен има загатка што ја открива локацијата на следното уметничко дело.

Изгледа како одлична авантура во природа! За оние кои не можат да ја решат загатката, има и мапа која помага при лов на овие џинови. Иако уметничките дела се прекрасни, тие даваат и практична намена за пејзажот во кој се наоѓаат.

Некои уметнички дела содржат куќички за птици, додека други функционираат како мостови.

Еден заспан џин е поставен каде често спијат бездомниците и е дизајниран како засолниште за оние на кои им е потребна. Повеќето од скулптурите на Дамб се во Данска, но тој сега ги гради низ целиот свет – од Јужна Кореја до Порторико. Иако на некои троловите и џиновите им изгледаат морничави, тие се составен дел од северноевропскиот фолклор.

Во приказните тие често се прикажани со магични способности и во антагонистички однос со луѓето. Иако со овие скулптури намерата е обратна.
Уметничките дела на Дамбо се навистина уникатни:

„Се надевам дека моите уметнички дела ќе ги инспирираат луѓето да го видат големиот потенцијал за рециклирање и грижа за нашата планета“, напиша тој во својот блог.