Двегодишното дете направи хаос низ куќата: Некои се смеат до солзи, а други навистина плачат(ВИДЕО)

Имено, момчето прво го „опустошило“ фрижидерот, а потоа храната ја однел во дневната соба, а кога се наполнил со слатки, легнал и заспал.

Двегодишните деца многу добро знаат да ги остават родителите без зборови, бидејќи она што им паѓа на памет и што им е луда забава, за нивните родители е вистинска ноќна мора!

Една мајка тоа му го покажа на целиот свет, откако објави видео на својот TikTok на кое се прикажани последиците од „играта“ на нејзиното двегодишно дете.

Имено, момчето прво го „опустошило“ фрижидерот, а потоа храната ја однел во дневната соба, а кога се наполнил со слатки, легнал и заспал. Мама го снимила хаосот со коментар „оваа софа нема ни два месеци“, а нејзиното видео набрзо достигнало милиони прегледи.

Додека повеќето корисници се смееја и го идентификуваа момчето со нивните деца, имаше и такви кои ја обвинија мајката што го оставила детето без надзор.

@ryanhmimen #troublemaker#sleepingtoddler#cakemonster #momsnightmare ♬ Oh No – Kreepa