Две години криел од сопругата дека добил милиони на лотарија

Кинезот, претставен во локалните медиуми само под презимето Џоу, некако успеал цели две години да крие од сопругата дека добил на лотарија.




Не зеде малку, добитните бројки му ја збогатија сметката за 1,36 милиони евра или околу 10 милиони јуани.
Откако г-ѓа Џоу дознала, поднела барање за развод, а судот во Венџоу, провинцијата Жеџијанг во источна Кина, на 1 февруари одлучил дека Џоу мора да плати отштета од повеќе милиони долари на својата сопруга.




За време на судењето беше кажано дека мажот и префрлил два милиони јуани на својата постара сестра веднаш штом парите легнале на неговата сметка, а неколку дена подоцна подигнал 700 илјади јуани за да и помогне на поранешната сопруга да купи стан.




Судот се согласил со мислењето дека парите што Џоу ги префрлил на неговата сестра и поранешната сопруга се дел од заедничкиот имот, па сопругата успеала да се избори за 60 отсто од тој дел од добивката.




Случајот ја потсети приказната од октомври минатата година кога маж од автономниот регион Гуангкси Џуанг освои 220 милиони јуани (30 милиони евра), а исто така ја чуваше добивката во тајност од семејството, објаснувајќи дека „не ја сака сопругата и дете да се опие“, пренесува „Радиосараево. ба“.