Две разиграни кученца освоија над 7 милиони луѓе на Фејсбук и тоа со добра причина

Две разиграни чау чау кученца ги освоија симпатиите на над 7 милиони луѓе кои ги гледаа на Фејсбук! И со причина! На видеото кое се појави се гледа како двајца четириножни другари на убав начин се „скараа“. Нивната „игра“ го насмеа целиот свет, а видеото се уште е хит на социјалните мрежи.




Доколку не сте знаеле, ова се кучиња од расата чау чау, која се смета за една од најстарите раси. Чау Чау е куче кое со векови е на кинескиот двор. Кинеските цареви го чувале како чувар, ловечко куче, но, пред сè, да ја слават неговата моќ и богатство. Нив ги негувале слуги специјално обучени само за нив.




Чау чау е многу интелигентно, остроумно, независно и лојално куче. Целосно и засекогаш е лојално само на еден сопственик и, ако го загуби, повеќе нема да му биде верен на никого бидејќи не е способен за друга љубов.




Оној кој ја стекнува неговата доверба може да биде сосема сигурен во својата непоколебливост и верност.