Девојката за својот 21 роденден добила порака од нејзиниот татко кој починал пред 5 години: Кога ја отворив честитката, се смрзнав!

Бејли Селерс од Ноксвил, САД засекогаш ќе го памети нејзиниот 21 роденден. Таа едвај се воздржа да не плаче кога ја прими честитката, од нејзиниот татко Мајк, кој почина пред пет години од рак на панкреасот, само неколку месеци пред нејзиниот 17-ти роденден. Знаеше дека ќе умре, но сакаше да и честита на својота миленичка за полнолетството.

Пред смртта се погрижил неговото девојче да добие цвеќе и роденденска честитка дури и кога го нема. Со еден цвеќар средил сè. Кога ја отворив картичката се замрзнав, но почувствував и неопислива среќа. За кратко време имав чувство дека татко ми е повторно до мене – изјавила девојката.

Оваа честитка е нешто поразлична и потажна од претходните – напиша дека е последна: Бејли, ова е моето последно писмо до тебе додека повторно не се сретнеме. Не сакам повеќе да лееш солзи за мене, девојка моја. Јас сум на подобро место и секогаш ќе бидеш мојот најскапоцен скапоцен камен што сум го добил. Среќен 21 роденден и сакам секогаш да ја почитуваш мајка ти и да останеш верна на себе…

Те сакам и среќен ти роденден! – напишал таткото во роденденската честитка на ќерка си. Таа пред смртта истетовирала една од последните реченици на нејзиниот татко на раката: „Ќе те гледам од рајот“.