Девојчето цело време беше на лекување, погледнете како реагираше кога првпат излезе од болница

Малата Меј Кослоу-Фогел има здравствени проблеми уште од раѓање. Во детската болница била приклучена на вентилатор поради ретко белодробно заболување кое ја спречувало да дише самостојно.

Нејзиното здравје се влошило, па родителите ја ставиле на листа на чекање за трансплантација на бели дробови со надеж дека операцијата ќе го спаси животот на нивното дете. За среќа, тоа и се случи.

Меј по процедурата можела сама да почне да дише, а камерите го снимиле моментот кога за прв пат по две години конечно можела да излезе од болница. Таа не можеше да верува дека тоа се случува. Таа никогаш не знаеше што да се очекува од надворешниот свет, пишува Lajk.hr .