Девојчето (3) ја држела својата сестра во раце, а потоа и ги кажала најубавите зборови

Тригодишно девојче едвај чекаше да ја држи во прегратка својата помала сестра. Кога ја зеде, ги кажа зборовите кои го стопија интернетот.
Никогаш не знаете како вашите деца ќе се однесуваат кога ќе дојде ново бебе во семејството. Сепак, тие повеќе нема да бидат најмлади, а тоа понекогаш може да биде проблем.

Но, не за ова мало девојче. Моли Конли имала само две години кога нејзината мајка Хедер и рекла дека ќе има братче или сестриче. Моли беше пресреќна. Таа веќе имаше постар брат. Џек, па знаеше каква треба да биде во иднина. Беше решена да покаже колку ќе го сака својот нов брат или сестра.

Моли нервозно го чекаше доаѓањето на бебето со месеци. Потоа еден ден доби вест, дури и подобра од тоа дека ќе биде голема сестра. Мама ќе ја роди нејзината помала сестра. Но, месеците поминаа, а бебето никогаш не дојде! Бебето дури и го пропушти третиот роденден на Моли, но нејзината мајка ѝ рекла да ги цени тие моменти бидејќи повеќе нема да биде најмлада во семејството.

Еден ден Моли и Џек се разбудија со прекрасни вести од нивната тетка. Малата Кора е родена претходната вечер. Моли отиде со нејзината тетка да ја види сестра си. Беше неописливо возбудена, но тој ден го чекаше многу долго. Кога ја виде Кора, не можеше да ја задржи радоста. Наскоро ја држеше во раце, а потоа даде неколку прекрасни ветувања.

Моли ја погледна Кора и рече: „Штотуку излезе од стомакот на мама. Нема да те пуштам… нема да те пуштам на друго место“. Моли ја бакна главата на својата сестра полна со љубов. Јасно е дека таа ќе биде одлична голема сестра која секогаш ќе внимава на Кора. Фала богу, мајка Хедер можеше да го долови сето тоа за да можеме и ние да се стопиме од сладоста на тој прекрасен момент.

Leave a Reply

Your email address will not be published.