Дедо ги советува мажите – Не трчајте по слаба жена која ќе можите да ја управувате како што сакате вие, трчајте по силна жена за да и се восхитуваш

Освојувањето жена и живеењето со жена може да биде вистински рај, но само за маж кој знае да го цени тоа. Каква жена да барате: Побарајте ја онаа која е подобра од вас. Едноставно е. Многумина бараат послаба за да управуваат со неа, вие барате подобар на кој ќе му се восхитувате.




Побарајте жена на која ќе и се восхитувате поради малите нешта што ги прави, грациозно и интересно. Ценете ја кај неа не само нејзината убавина, туку и нејзината интелигенција, манири и однос кон семејството и пријателите. Кога ќе најдете таква личност, автоматски ќе сакате самите да станете подобри. Вашата желба да станете подобри поради тоа ќе придонесе за вашиот развој.




Останатото е неважно. Како треба да се однесуваат? Бидете господа. Држете ја вратата за неа, помогнете ѝ да носи работи, повлечете и столче, ако и е ладно понудете ѝ ја вашата јакна. Дајте ѝ комплименти за тоа колку добро изгледа. Однесувајте се кон нејзините родители со почит.




Однесувајте се кон нејзините родители со почит дури и кога тие не се во близина, дури и ако таа е лута на нив. Приредувајте ѝ изненадувања без причина. Не треба да чекате родендени за да ја израдувате. Не и кажувајте за вашите авантури со поранешните сопруги.




Направете ја да се смее секој ден, бидејќи нејзиното срце е ранливо и често повредено. Охрабрете ја да се стреми кон нејзините цели. Охрабрете ја да пробува нови работи – тоа ќе ја направи подобра личност. Секогаш почитувајте го нејзиното мислење и одлуки. Ако можете да направите 80% од работите на оваа листа, таа ќе ве сака и ќе бидете центарот на нејзиниот свет.