Детето треба да избере еден од двата подароци, а неговиот одговор го остави интернетот во солзи

UP TV смисли социјален експеримент за да види дали децата ќе изберат да го земат подарокот за себе или да го подарат некому. Експериментот се одржал во клуб за момчиња и девојки во Атланта, каде што голем број деца потекнуваат од сиромашни семејства.

Ги внесувале еден по еден во просторијата каде што им биле понудени два подароци, а тие морале да изберат еден. Еден од подароците е нивниот подарок од соништата, а другиот се однесува на еден од членовите на семејството.

Секое дете без двоумење избрало подарок за некој од членовите на семејството, наместо оној што е за него и објасниле зошто го одбрале тој подарок. Луѓето кои го виделе ова видео биле воодушевени од нивната акција.

Погледнете го и споделете го видеото со вашите пријатели: