Децата на Бил Гејтс: Одиме во црква, миеме садови, а милијардите не ни значат ништо

Бил Гејтс има три деца, две ќерки и еден син. Иако семејството е богато, тие скромно ги воспитуваат децата и им забрануваат да користат технологија. Бил Гејтс е милијардер и моментално трет најбогат човек во светот. Тој ја запознал својата сопруга Мелинда во 1987 година, парот се венчал во 1994 година и оттогаш се во брак. Славниот пар реши скромно да ги воспитува своите деца. Иако семејството живее на имот од бајки во Вашингтон од 127 милиони долари и поседува неколку имоти, нивните методи на родителство се слични на оние што се гледаат во просечните семејства.

Бил и Мелинда ја водат најголемата приватна фондација во светот, која поседува имот од речиси 47 милијарди долари и ги дели домашните работи со нивните две ќерки и синот , Џенифер, Фиби и Рори. Заедничкото миење садови секоја вечер е традиција во нивното семејство. Мелинда дошла на оваа идеја за да го докаже фактот дека „неплатените“ домашни работи не треба секогаш да ги вршат жените, ниту мажите.

Таа, исто така, верува дека заедничкото миење садови го зајакнува нејзиниот брак со Бил и семејните врски, а кај децата им влева чувство на обврска и одговорност. Бил Гејтс е прилично строг кон своите деца кога е во прашање користењето технологија.

Бил и Мелинда им забраниле на своите деца да користат мобилни телефони и други гаџети на трпезариската маса, додека првиот телефон го добиле по 14-тиот роденден. Бил го ограничува времето што можат да го поминат гледајќи во екранот, бидејќи верува дека на тој начин можат да имаат поквалитетен сон.

За време на едно интервју, Бил Гејтс истакна дека неговото семејство редовно посетува црква . „Децата ги воспитувавме на религиозен начин. Тие ја посетуваат католичката црква чиј дел сме и јас и Мелинда“, рече Гејтс. Тој објасни и дека неговата филантропска работа првенствено е наменета за намалување на нееднаквоста во светот, на која ќе бидат посветени неговите деца.

Бил Гејтс е вистински револуционер на полето на технологијата, но тој и Мелинда сè уште го следат моделот на родителство развиен во текот на 1970-тите. Методот на подигање „Љубов и логика“ ги намалува емоционалните реакции како навреди, казнување и наредби на децата. Но, редот мора да се знае!

Нивното прво дете , ќерката Џенифер , е родено во 1996 година и дипломирала на Универзитетот Стенфорд. Таа е искусна во коњички спортови и се натпреварува низ целиот свет. Второто дете е 20-годишниот син Рори Гејтс , кој студира на Универзитетот во Чикаго. Фиби Гејтс (17) е трето дете на познати родители.