Деца два месеци мавтаа по траект на хрватски остров: капетанот направи нешто што ги воодушеви

Шест деца на хрватскиот остров Олиб изминативе два месеци секојдневно редовно мавтаа со ферибот „Ластово“ на Јадролинија, а потоа капетанот направи нешто што ги воодушеви.




Четиригодишниот Хрвоје и малку постарите Марин, Карли, Теса, Томас и Вито секој ден на островот со радост го пречекуваа траектот и им мавтаа на екипажот и на патниците.




Нив ги забележал и капетанот на бродот, кој решил да им ги исполни желбите и да ги донесе до мостот на бродот, а добиле и можност да ја вклучат сирената на бродот, пренесува 24сата.хр.




Мала порака до малиот Хрвој како спомен од посетата на траектот напишаа и капетанот на бродот Игор Бачиќ и капо Дин Колудровиќ.