ДРАМАТИЧНО ВЛЕГУВАЊЕ НА МЛАДЕНЦИТЕ НА СВАДБАТА, ПАРОТ ПАДНА ОД ЛУЛАШКАТА

На интернет се појави видео на кое се гледа моментот кога младенците во Индија паднаа од лулашка на сцената откако кран пукна за време на свадбена церемонија во Индија.




На видеото се гледа како младенците стојат на платформа која се издига од бината. Тие ги поздравуваа гостите додека траеше настапот во позадина. Меѓутоа, кога лулашката била во воздух, кранот наеднаш пукнал и младенците завршиле на сцената.




Фала му на Бога, сите се безбедни. Инцидентот ги вознемирил гостите кои врескале и трчале кон бината да им помогнат на младенците. За среќа и двајцата се здобија со само полесни повреди и продолжија со церемонијата по падот.




Медиумите објавија дека одговорноста за инцидентот ја презел менаџерот на настанот, но дека не е поднесена тужба.




„Невестата и младоженецот се добро“, рече вработената и додаде дека ќе се погрижи во иднина да не се случуваат слични инциденти.
Unfortunate accident at Raipur Wedding yesterday.
Thank God all are safe.
source : https://t.co/yal9Wzqt2f pic.twitter.com/ehgu4PTO8f— Amandeep Singh 💙 (@amandeep14) December 12, 2021