Еве што значи кога ќе ви дојди Света Петка на сон

Православните верници ја слават Цета Петка, на 27 октомври, а еве кои обичаи и ритуали се поврзани со овој празник. Се смета дека Света Петка е женски празник, па на оваа светица се обраќаат жени од сите вери и нации. Света Петка многумина ја сметаат за заштитник, а се верува дека особено ги штити и им помага на жените, децата и постарите лица. Верниците и се молат, особено жените, да им помогне.

Покрај храмовите на Света Петка често има извори и се верува дека водата од овие извори е лековита и исцелува. Според народното верување, Света Петка на верниците често им се појавува во сон од две причини: да даде утеха и да донесе добри вести или како еден вид предупредување да не прават грешки. Според стариот обичај, на оваа светица на празникот и се молат, се пали темјан и се избегнуваат тешките домашни работи.

Света Петка не е само христијански празник, туку и ден за крштевки и веруваат дека оваа светица е заштитничка на домот. Света Петка е родена во градот Епиват, кај Калитракија во Мала Азија кон крајот на 10 век, и потекнувала од богато и благородно семејство. Се замонашила по смртта на своите родители во црквата Света Софија во Константинопол, а потоа поминала години во пустина во пост, молитва и осаменост.

Според преданието ѝ се јавил ангел на сон и ја испратил во татковината да ја шири Христовата вера. Нејзините мошти биле многупати пренесувани, но на барање на принцезата Милица упокоена е во Белград.

Денеска во капелата на Света Петка е само нејзиниот мал прст.