Жената се качила во живеалиштето на лавовите во зоолошката градина за да ги испровоцира. Еве како заврши!(ВИДЕО)

Полицијата во Њујорк деновиве трага по жена која влегла во едно од живеалиштата во зоолошката градина Бронкс. Еден од посетителите ја снимил оваа жена кога почнала да танцува пред лав. Кога ја забележале работниците, веднаш ја извадиле од зоолошката градина, а сега полицијата трага по неа.

На видеото кое стана вирално, можете да ја видите оваа жена како стои во живеалиште на лав и опкружена само со ситна вегетација. Пред неа е машки африкански лав, кој зазеде одбранбена позиција кога таа почна да мавта со рацете.

Потоа почнала да танцува пред него во провокативен стил, а полицијата трага по неа бидејќи влегла во забранет простор и ја ризикувала својата безбедност.

Погледнете го ова видео и дознајте како изгледаше сето тоа: