Жената се качила во такси и се возела 11 минути – за тоа возење платила луди 9.000 евра! (ВИДЕО)

Маргарита Бекер од Сан Франциско, САД, многу скапо го платила (благо кажано) возењето со такси кое траело само 11 минути. Се качила со такси за да ја превезат од дома до ресторанот каде што била организирана роденденската забава на нејзиниот сопруг.




Цената на возењето била 7,90 долари, но кога платила со картичката, сфатила дека од нејзината сметка се одбиени неверојатни 9.785 долари (8.800 евра). Возењето беше 7.900, па беа додадени две нули, плус 25 отсто бакшиш за таксистот.




Секако, имало грешка, а таксистот рекол дека ќе и ги врати парите, но тоа не се случило. Следните три месеци Маргарита се обидувала да ги врати парите од банката, но не успеала.




На крајот по многу маки и молење си ги добила парите. Таксистот, како што и рекле, добил отказ, а се заколнала дека за се што платила ќе бара само хартиена сметка. Оваа електроника лесно се губи, очигледно …