Жена која го трогна регионот: „Зошто ти е голема плата ако немаш едно нешто“

Што е тоа што е најважно во животот и што ниедни пари неможат да го купат? Марина Радош, млада писателка од Мостар, напиша статус за љубовта и очекувањата коии го допреа целиот свет. Што ако вас ве излажат дека не се живее од љубов? Мене мајками еднаш ми кажа дека од љубов се живее, а од парите се преживува. Јас неа и верувам. Затоа што никаде не сум видела толку луѓе како во станови од 30 квадрати, насмејани, склопени едни со други.

Што ако вас ве излажат дека треба да најдете некој како вас, да има толку колку што имате вие? Мене не успеаја да ме излажат за такво нешто, затоа што никогаш не сум видела толку зло и борби, како што комшиите и стринами се караа со своите сопрузи. Што ако вас ве излажат дека љубовта мора да ја носи вашата вера и нација? Што ако вас ве излажат дека морате да се омажите до 25- та, 35 или 40 години, затоа што е последно време? Мене не успеаја, затоа што никој никогаш така стварно и реално не ми зборуваше за љубовта како што таа ми раскажуваше дека ја пронашла својата љубов на 50 години. И сега ми трча во прегратка како девојка од 15 години.

Што ако вас цело време ве лажат? Верувајте само на себеси. Држете ја својата љубов цврсто со рацете, нозете, ноктите. Затоа што таа нема да престани, тука ќе биди посилна, баш кога ќе дојдат децата. Баш кога сиромаштијата ќе дојди на вратата. Баш кога ќе треба да го вратиш кредитот. Баш тогаш кога нема да очекуваш. И можеби не сте сите заљубени, но правите нови деца во љубов. Или не ги правете. На некои љубови не ни им треба. Само не дозволувајте да ве лажат. Други ни се мешаат во платите, образованието, работата, здравјето, облеката, исхраната, влијаат на половина од нашите животи затоа што светот е таков.

Но, не ја давајте вашата љубов на никого. Затоа што тоа е најмногу што ќе постигнете во животот. Десет илјади плата не ви значи ништо ако на крајот од денот влезете во празен стан со торби со најнова облека што никој не мора да ги облече или соблече. И не ти требаат сите пари на овој свет, ако немаш со кого да ги споделиш. Затоа што живеј за љубов, не за пари