Жена ми ме остави после 43 години поради друг маж, а јас се вознемирив кога открив уште полоша работа

Светот на 60-годишниот Британец се срушил кога сопругата го оставила за друг маж, а потоа следела низа уште понепријатни вести. Мојата сопруга е единствената со која сум бил, се запознавме на училиште. И додека размислував да се пензионирам и да се радувам на заедничка старост, таа беше на Интернет и разговараше со мажи на страници за запознавање и договараше средби со нив – вели тој. Потоа следеше нов шок, кога откри дека тоа траеше четири години, додека се уште беа заедно.

Како тоа да не му е доволно, сфатил дека неговата сопруга има повеќе љубовници. „Додека гледавме телевизија, мислев дека се допишува со пријателите, а комуницирала со други мажи“, разочарано рекол тој. Неодамна неговата сопруга признала дека се гледала со еден од овие мажи веќе една година. Имено, таа се заљуби во него и сега сака развод.

Таа се промени, повеќе не ја препознавам во неа жената која ја сакав и со која имав деца. Како да има трансплантација на личност – вели Англичанецот. Иако е прељубничка, таа го обвинува за раскинување на нивната врска. Ме советуваа дека ќе морам да ја продадам куќата и да и дадам половина од парите, иако не бев неверен. Моите ќерки, и двете во раните дваесетти, исто така се шокирани и се чувствуваат растргнати меѓу мене и нивната мајка.

Изгубив се, болката и шокот се неописливи – призна Британецот. Тој додаде дека иднината изгледа толку мрачна што не знае како да продолжи понатаму. Експертите го советуваат да оди од ден на ден, како и дека сигурно ќе го поддржат ќерките кои веќе се големи.