Жена херој скокна во бурниот океан и спаси 2 буриња пиво кои ги носеше поплавата (ВИДЕО)

Дека е најважно во животот да има јасно поставени приоритети покажува примерот на една жена од австралискиот Курумбин на Голд Коуст во Квинсленд.

Како што покажуваат видеата, таа го ризикувала својот живот скокајќи во разбрануваниот океан за да спаси метални буриња со пиво кои поплавата ги однела од клубот за сурфање.

Очигледно клупски работник, оваа храбра хероина без размислување скокнала во водата и го спасила киднапираното пиво. Таа не го драматизираше премногу нејзиниот потег, само за 7News изјави дека „нема ништо како океанот, тој е прилично спектакуларен“.