44-годишната Никол Картер, од Калифорнија, станала веган на 18-годишна возраст, при што целосната нејзина исхрана се состоела од само салати и бобинки, а воедно го отфрлила шеќерот и алкохолот.

Сега Никол, која инаку е мајка на 2 деца, тврди дека веганството било главен виновник за уништувањето на нејзиниот имунолошки систем и открива дека откако се префрлила на конзумирање место, таа се здобила со многу повеќе енергија и е многу поздрава.

Тврди дека развила бројни здравствени проблеми, придржувајќи се до нејзината веганска диета, а истовремено постојано имала болки, страдала од анксиозност, депресија, ниско ниво на енергија и несоница.

„Имав кандида во напредна фаза, косата започна да ми паѓа, а болките во зглобовите, несоницата и анксиозноста беа моето секојдневие. Кога се тестирав, тестовите дури покажаа непостоечко ниво на железо и витамин Д во крвта. А покрај тоа што пиев природни додатоци, моите хормони беа во тотален хаос и премногу ниско ниво.

Развив жолчни камења и панкреатитис, што доведе до отстранување на жолчното ќесе во 2006-та година. Имав хронична констипација, надуеност и улцеративен колитис. Не пиев кафе, само зелен чај. Бев депресивна и постојано вознемирена за тоа како го изгубив моето здравје!“- вели Никол.

На крај, покрај сите неуспешни обиди, Картер била свесна дека треба да се откаже од веганскиот начин на живот и започнала да држи диета која се заснова на месо.

Сега, не само што нејзиното расположение и енергија се вратени, туку и нејзиното тело ги покажува извонредните резултати, а дури ја намалила тежината, односно од 59 килограми, сега има 54.