Живеат без струја и вода, немаат перница, покривот им е од слама: Браќата Стојановиќ се единствените жители на ова село

Родените браќа Драган и Слаѓан Стојановиќ живеат во трошна сламена куќа во планинското село Бабина Пољана, на околу 40 километри од Врање. Немаат вода ни струја во куќата и спијат во ист кревет, и така со децении… Најблиската продавница е на 10 километри од куќата, па дури и да одат до неа, мора добро да внимаваат што можат да купат затоа што живеат само од социјална помош.8.000 динари.




Браќата не работат никаде бидејќи немаат каде да одат, тие се единствените жители на нивното село, а деновите ги поминуваат сами, на врвот на планината. Без основни услови за живот. И покрај се, тие не ја симнуваат насмевката од лицата бидејќи само тие останаа.
Спиеме заедно во кревет, немаме перница. Добри луѓе ни дадоа гардероба, па ја ставивме под глава, наместо покрив имаме слама, па кога врне се покриваме со најлон – вели Слаѓан.




Неговиот брат Драган вели дека особено им е тешко со првите студени, зимски денови и снегот што го опкружува нивното место. „Кога е зима, умираме овде, не можеме да одиме во продавница за брашно, а во лето ни доаѓаат змии“, вели тој. На прашањето како успеваат да бидат насмеани во дом без струја, без вода и сами, тие рекоа дека тоа е единственото нешто што им преостанува.




Нивната куќа е многу тешко да се поправи, никогаш не сум видел нешто слично, многу е страшно, а е многу далеку. Но, секако, ништо не е невозможно и искрено би сакала да ги добијат барем најосновните услови за живот – вели каратистката и хуманитарка од Врање, младата Тамара Мисирлиќ, која ги посети браќата.