ЖИВОТНИ ЛАГИ: Видео кое во осум минути ќе ви ги отвори очите за цел живот

Краткиот документарен филм на Спенсер Четкарта насловен како „Лагите во кои живееме“, ја опишува слободата на луѓето, парите, образованието, капитализмот, заштитата на природата, климатските промени и човечкото влијание на нив.




Во овој момент можете да бидете било каде, да се занимавате со било што. Наместо тоа седите само со компјутерот. Што не спречува да го работиме тоа што го сакаме, да бидеме таму каде што сакаме? Секој ден се будиме во истата соба и го следиме истиот пат, да живееме исто како и претходниот ден.
– Некогаш секој ден беше нова авантра, а потоа се се промени. Пред се било како времето да не постои“, денеска се чини го нема доволно. Значи ли дека овој начин на живот дека сме возрасни, дека сме слободни? Навистина ли сме слободни? – ја почнува Спенсер приказната во својот краток филм.




Тој и понатаму се надоврзува дека елементите кои на сите ни се потребни за преживување како храна, вода и земја се во сопственост на корпорациите.
– Нема храна за нас на дрвата, нема свежа вода во потоците, нема земја за да се изгради дом. Ако се обидете да го земете тоа што Земјата ни го дава, ќе завршите во затвор. Така да ние ги почитуваме правилата на корпорациите и владите.




– Со години седиме и го работиме тоа што ни е речено. Не тестираат и не оценуваат како во лабораторија. Одгледани да не правиме разлика за овој свет, одгледани да не бидеме поинакви. Доволно паметни да ја работиме својата работа, но не доволно да се прашаме зошто тоа го работиме. Така да работиме, и работиме, немајќи време да го живееме животот за кои работиме. Се додека не дојде време кога ќе станеме доволно стари да ја работиме својата работа. Тогаш сме оставени да умреме. Нашите деца го заземаат местото во играта.




– Ова е свет на елита која се крие зад корпорациите, а нивниот највреден извор не е на земјата, тоа сме ние!
Спенсер наведува и за тоа, колку и да сме паметни, ние за оние кои го водат светот, сме потрошна роба.




– Тие ни даваат пари, а ние за возврат им го даваме светот.
Погледнете го филмот до крај: