ЖИВОТ СО ШЕИК: Мисицата на Југославија спие на МИЛИОНИ – Јелена пресреќна што ќе го роди четврто дете!

Српската убавица многу е среќна што е бремена. Некогашната Мис на Југославија Јелена бин Драи е многу среќна што ќе стане мајка по четврти пат, а семејството е многу среќно и едвај чека да го запознае новиот член.

Убавицата конечно проговори на оваа тема, но не откриваше детали.
– Не очекувавме. Иксрено бевме изненадени, но секако тоа е многу пријатно изненадување за нас и напето семејство, изјавила Јелена а потоа на прашањето дали во тропскиот Дубаи владеело возбуда поради доаѓањето на четвртиот член, таа вели:

– И двајцата сме возбудени, како и сите претходни пати, дури и можеби сега повеќе бидејќи ова не беше очекувано, но ми се чини дека Саид е повеќе возбуден и многу е нестрплив да го запознае новиот член на нашето семејство.

Јелена во 2003 година го запознала арапскиот бизнисмен Саид бин драи, чие богатство се проценува на две милјарди долари. Во 2008 година се венчале во Дубаи, а на свадбата присуствувале околу 300 гости.

Тие во 2010 година ја добија ќерката Асја, а во 2011 синот Хилал и во 2013 Хамадан.Како што објави српскиот „Стори“, Јелена е во рана фаза од својата бременост и строго води сметка за своето и здравјето на бебето. Таа потполно се исклучила од јавниот живот и решила да ги отстрани сите видови на надворешен стрес.Убавата Јелена пред половина година, во своето големо интервју за магазинот „Hello“ зборуваше дека има голема желба за уште едно дете.

-Ако не послужи среќата, ќе добиеме четврто дете“ – искрено изјави тогаш Јелена на која оваа желба брзо и се оствари.

Кога се омажи за арапскиот бизнисмен многумина ја критикуваа поранешната југословенска мисица дека се омажила заради неговите пари, но како минуваше времето, таа покажа дека богатството го мери исклучиво преку љубовта кон семејството што го изгради со својот сакан сопруг.

јелена денес има синџир козметички салони и спа центри „Vanilla By Jelena” и „Chocholate by Jelena”, медицински центар, луксузен хотел, а е и успешна дизајнерка со своја препознатлива модна линија.