Забременила на 14 години, а на матурата дошла со синот


Иако сите велеа дека нема да заврши училиште поради синот и дека е премлада за да биде добра мајка, Ешли успеа да го заврши училиштето со најдобри оценки и да влезе на факултет и сите се горди на неа.

Британката Ешли Хејзелтон (16) забременила на само 14 години, поради што многумина ја критикувале и велеле дека поради детето нема да заврши училиште, ниту да биде добра мајка , бидејќи е премлада за тоа. Но, на сите им докажа дека грешат: Само неколку недели по породувањето се врати на училиште и неодамна успешно ја заврши матурата, а за придружба го зеде својот „најмил човек“ – едногодишниот син Лоренцо на матурска.

Нејзината мајка Хејли Трикер (38), бабата на Лоренцо, е исклучително горда на својата ќерка, пренесува The Sun. И покрај тоа што имала само 14 години кога забременила, Ешли успеала да го заврши училиштето со добри бои и да биде добра мајка Да, таа се породи на 15 години, но и таа се врати на училиште и направи се што требаше иако имаше само шест недели по породувањето. Таа помина со врвни оценки, што е неверојатно.

А потоа се врати дома и одлично ја презеде улогата на мајка! – рече таа откако го сними моментот кога Ешли и малиот Лоренцо излегоа од лимузината со која се возеа на дипломската вечера . Беше убаво, колегите веднаш истрчаа кон мене и се собраа околу нас, скандирајќи го моето име. Имав чувство дека сите ме поддржуваат – изјави Ешли.

Беше прекрасно да се види реакцијата на другите деца кои знаат дека не и било лесно, и на наставниците, кои беа неверојатни, рече Хејли, додавајќи дека Лоренцо добил големо внимание таа вечер. Таа вели дека го снимила видеото за нејзината мајка, бабата на Ешли, која живее во Нов Зеланд, па затоа не ги гледа често својот правнук и внука.

Инаку, Ешли деновиве ги доставила и документите за прием на факултет, бидејќи не се откажува од образованието.

@ashleighhazelton6 Prom 2022 with my prince 🤍#teenmum #prom ♬ original sound – َ