Заминале на меден месец и… Изненадување свекорот дошол на врата

По завршувањето на венчавката, повеќето младенци едвај чекаат да одат на меден месец. Слично размислуваше и една девојка додека нејзиниот свекор не се појави на романтичното патување. Жена од САД со сопругот отишла во Мексико да ужива во меден месец. Впивајќи го сонцето на нивниот едномесечен одмор, жената се чувствуваше како ништо да не може да ѝ ја уништи новооткриената среќа – додека нејзиниот свекор не се појави на нивниот праг од ведрото небо, пишува Дејли Стар.




Таа го сподели своето згрозување на Редит и побара совет дали треба да се чувствува лошо што не сака таткото на нејзиниот сопруг да биде со нив на нивниот меден месец. Во објавата таа објасни дека младенците престојувале во викендицата на нејзиниот свекор во Канкун. И покрај тоа што знаел дека неговиот син и снаа престојуваат во луксузната куќа, тато без предупредување се придружил на парот.




Збунетата невеста рекла: „Додека престојувавме во семејната куќа слушнавме тропање на влезната врата, а кога ја отворив го видов свекор ми кој рече: „Изненадување“. Мојот сопруг не му кажа ништо на татко му. Му кажав на сопругот дека би сакала да го преселам мојот меден месец на друга локација“.




„Мојот сопруг се согласи и заминавме. Тогаш свекор ми и свекрвата ми рекоа дека сум премногу чувствителна“. Сепак, ова не беше единствениот случај. Жената открила дека претходно имала конфликти со родителите на нејзиниот сопруг.




Таа рече: „Ова не е прв пат да ми кажат дека сум премногу чувствителна и предизвикувам драма“. Многумина им дадоа поддршка на младите.