За рубриката верувале или не – Ја украл косилката за трева, па го искосил дворот на сопственикот

Полициската управа во Порт Артур објави снимка од надзорните камери на кои е фатен Тексашанец, Маркус Хабард, како влегува во станбена зграда и краде косилка за трева пред да ја користи за да го коси дворот на сопственикот. Во бизарен пресврт на настаните, полицијата вели дека мажот украл косилка од сопственикот на куќата, пред да ја искоси тревата со неа.

Човекот бил фатен како ја шета машината за трева низ тревата додека ја влечел пред полицајците да пристигнат на местото на настанот. Полициската управа на Порт Артур на својата Фејсбук страница напиша: „Маркус Хубард беше виден на снимките од надзорните камери како провалува во станбена зграда, тој украл имот од зградата без согласност на сопственикот.

Тој потоа се гледа на видео како ги коси предните и задните дворови на сопственикот“. По пристигнувањето на полицијата, Хабард е виден како бега од областа додека ја влече косилката зад себе. Ја фрла косилката во уличката и избегнува апсење – додале тие.

Полицијата наводно изјавила дека крадецот сакал да се увери дека машината работи пред да ја украде, според KXAN. Исто така, во соопштението побарале помош од граѓаните, а се наведува дека оние кои имаат информации за сторителот може да бидат наградени.