За секунда исчезнаа 2,4 милиони евра: Механичар чукнал редок модел на Ферари – Удрил во дрво (ФОТО)


Егзотичните суперспортски автомобили ретко се гледаат на патиштата, па нивните несреќи не се вообичаени. Но, тие се случуваат, а доказ е овој судир на реткото Ferrari Enzo во Холандија.

Автомобилот наводно удрил во дрво откако возачот очигледно изгубил контрола на лизгавиот пат. Возилото наводно припаѓало на Кројманс Аутомотив, овластен дилер на Ферари во областа каде што се случила несреќата.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека Ферарито носело привремени регистерски таблички, во моментот кога се урнал на патот N221 кај Утрехт. Регионалниот весник De Gooi-en Eemlander објави дека механичар бил зад воланот во моментот на инцидентот.

Овој редок примерок на топ моделот на Ферари од почетокот на векот е опремен со V12 мотор со 650 КС и вреди околу 2,5 милиони евра. Автомобилот, наводно, удрил во дрво од совозачката страна, при што ги откорнал двете тркала од десно.

Очигледни се и значителни оштетувања на каросеријата, а поради сериозноста на судирот се активирани и воздушните перничиња.