Златни ланци и тетоважи – Сите ја обвинуваат оваа мајка за тоа како го одгледува својот син

Мајка опседната со тетоважи телото на синот го покрила со тетоважи. Иако неговите тетоважи се привремени, луѓето ја обвинуваат дека го воспитува за криминалец и го подготвувала за затвор.
Шамекиа Морис, модна дизајнерка од Вест Палм Бич во Флорида, САД, првпат почнала да става привремени тетоважи на нејзиниот син Трејлин кога тој имал само шест месеци.




Луѓето често ја обвинуваат дека подига насилник. Добивам многу негативни реакции, луѓето велат дека син ми го воспитувам како гангстер или насилник. Мислам дека не се навикнати да гледаат бебе со тетоважи“, вели таа. Кога бев во осмиот месец од бременоста, се фотографирав со моите браќа во продавницата на татко ми – додава таа.




Луѓето на социјалните мрежи ме малтретираа поради тоа. Сите коментари беа негативни, луѓето велеа дека моето дете ќе се роди со цел куп тетоважи. Дека отровот од тетоважата ќе му помине. Беше лудо – рече таа.
По раѓањето на синот Треј често е мета на тролови кои пишуваат коментари од типот: „ќе го убијат на улица“ или дека таа „ќе го подигне (подготви) за затвор“.
Сепак, таа вели дека не и е грижа бидејќи тоа е начин на живот во кој ужива.




„Да судите некого врз основа на видео од 30 секунди на социјалните мрежи е ваша работа, но она што ќе го кажете или мислите за некого нема да одреди каков ќе биде тој во иднина“, додаде таа.