ЗОШТО НА МНОГУ НЕ ИМ ТРЕБААТ НИВНИТЕ ДЕЦА И ВНУЦИ ВО СТАРОСТА – ГЕНИЈАЛНИ СОВЕТИ ЗА ДА ГО ИЗБЕГНЕТЕ ОВА

Многу луѓе се прашуваат зошто ниту на децата, ниту на внуците им се потребни во староста, а одговорот лежи во фактот дека можеби тие самите се виновни.

„Сите среќни семејства си личат едни на други, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“, рекол Лав Толстој.

Една од најголемите несреќи на родителот е да биде запоставен од своите деца во длабока старост, а сведоци сме дека ваквите ситуации се чести. Начинот на кој се воспитува детето е една од најважните алки што би ве спречила да имате дете кое не се грижи за вас во староста.

Не се малку луѓе кои староста ја поминуваат сами, а ако имате деца треба да им се посветите и да бидете активни во нивниот живот, ако сакате да ве гледаат на старост.

Ако десет луѓе ви го свртат грбот поради некоја причина, треба малку да размислите и да се запрашате што е проблемот. Можеби не е до тие луѓе, можеби е до вас. Можеби вашето однесување ги натера овие луѓе да ви го свртат грбот. Лав Толстој има краток, но мудар цитат кој може да ви помогне да ја избегнете оваа ситуација – „Не можам да имам сè што сакам. Но, можам да сакам сè што имам!”.

Секој родител треба да му пружи на своето дете љубов, без разлика каква е таа, бидејќи на крајот на денот – тоа е ваш „производ“, суштество кое вие ​​сте го создале на свој начин. Според тоа, ние самите сме одговорни за детските постапки, кои се резултат на воспитувањето.