Идната невеста започна дебата: Сака да им наплаќа пијалок на гостите, а ова е причината

Свадбите знаат да бидат скапи, а паровите често бараат начини да заштедат пари. Но, кога сакате да се потрудите за да ја направите вашата свадба посебна, може да биде тешко да одлучите каде да ги намалите трошоците.

Така, една невеста на Редит изјавила дека таа и нејзиниот партнер планираат на гостите на свадбата да им наплатат 8 фунти за алкохолни пијалоци и 4 фунти за бакшишот на келнерите, се со цел да соберат пари за меден месец или за нова куќа, пишува Мирор.

Таа во својата објава на Редит објасни и како тоа го замислува. „Значи, кога гостинот оди да ја испие првата пијачка, плаќа вкупно 12 фунти а остатокот од вечерта не мора да плати ништо, освен ако не сака да им даде бакшиш на келнерите напиша таа. Таа ги прашала корисниците на Редит дали мислат дека идејата е себична, бидејќи многу членови на семејството и рекле дека не треба никого да тера да плаќа за нивниот меден месец или куќа, а луѓето веќе им носат подароци.

Објаснила и дека таа и нејзиниот вереник сами си ја плаќаат целата свадба, без ничија помош, па мислат дека е во ред, а ако некому не му се допаѓа, едноставно не мора да пие алкохол. Сепак, нејзината идеја ги подели мислењата на корисниците и започна дебата на интернет во која некои пишуваат дека мислат дека е точно и дека тоа нема да им пречи лично, додека други го мислат сосема спротивното.

„Ми изгледа добро, особено кога младенците сами си плаќаат за се“, напишал еден корисник. „Свадбите се многу скапи и целосно ја разбирам оваа одлука“, коментира друг.

„Ако не можеш да си дозволиш алкохол на свадба, тогаш не ни иди!“, грубо напиша трет корисник, а четвртиот додаде: „И јас и мојот сопруг сами плативме за свадбата, па не се жалам и смислуваат вакви работи“.