Има само 22 години, но заглавена е во тело на девојче од 8 години! Висока е само 116 cm

Шон Реј има 22 години, но на прв поглед би рекле дека е 8-годишно девојче бидејќи токму така изгледа!. Оваа млада жена заглавена е во телото на малото девојче. Откри се за нејзината борба во документарните емисии „Јас сум Шон Реј“ кои се емитуваа на TLC Растот на Шон Реј беше запрен како резултат на тумор на мозокот кој беше откриен кога таа беше бебе. Таа е висока само 116 сантиметри, што е просечна висина на осумгодишно дете, поради што сите мислат дека е дете.

Кога ќе ме погледнете, ќе помислите дека сум обична девојка, дека правам се што обично прават девојките со нивното забавно, глупаво семејство – вели Шон. Но, вистината е дека јас не сум девојка. Јас сум жена, 22-годишна жена заглавена во тело на осумгодишно дете – додава таа. Имала само шест месеци кога и бил дијагностициран редок облик на тумор на мозокот, поради што била подложена на хемотерапија.

Тоа оставило последици врз нејзиниот раст, а во шоуто Шон ги прикажува обидите да влезе во шанк, да се тетовира, да вежба во теретана. На секој чекор луѓето мислат дека е дете. Тоа што изгледа како дете и отежнува, а да најде партнер е претешко не може да го најде вистинскиот!

Сама сум. Привлекувам само чудаци, кретени и идиоти. Страшно е да излегуваш на состаноци, но мора да ризикуваш за да ја најдеш среќата – Мајката на Шона вели дека и е многу тешко да гледа како нејзината ќерка поминува низ сето тоа. Се чувствувам, претпоставувам, виновна што мораше да помине низ ова до крајот на животот. „Се што можам да направам е да ја заштитам“, рече таа.

Од друга страна, Шон смета дека родителите премногу ја штитат и дека сака да биде понезависна. „Одлучив да ја направам оваа година моја“, вели таа.