Има само 24 години и заработува ОГРОМНИ пари позајмувајќи ги своите работи, а ОВА парче е најбарано (ФОТО)

Повеќето девојки имаат плакари полни со облека што често не ја носат, а една девојка по име Британи Меквејд решила да ја искористи во своја полза. Оваа девојка која живее во Мелбурн има само 24 години, а решила да се занимава со неверојатен бизнис – изнајмува фустани кои не ги носи на други девојки за специјални пригоди. Бретани го започна овој бизнис во 2017 година, кога имаше само 20 години.

Таа дошла на идеја така што го средила плакарот, а потоа решила да ги продаде своите 25 фустани. Имав многу фустани кои ги облеков само еднаш. Пазарот е голем, кој сака да плати 500 евра за фустан за еднаш да го облече? Таа рече. Откако ги прегледала сајтовите за продажба на облека од втора рака, Британи сфатила дека ќе има среќа да добие барем половина од парите што ги платила – а просечната цена била 122 евра по фустан. Потоа дошла до брилијантна идеја – наместо да продава, одлучила да изнајмува фустани, а тврди дека заработила двојно повеќе од цената што ја платила за нив.

Таа продолжила да го прави тоа, а во изминатите четири години успеала да заработи околу 82.000 евра од изнајмување на облеката кои ги искористила како капар за својата прва куќа. Оваа девојка на почетокот изнајмувала облека преку австралиска веб-страница, но се огласувала и на Инстаграм каде ја следат речиси 20.000 луѓе. Почнала со 25 фустани за кои веќе немала место во плакарот, а потоа заработените пари ги вложила во купување на уште 300 фустани кои ги изнајмува. Нејзините фустани чинат во просек од 120 до 250 евра, а таа ги изнајмува по двојно повисока цена.

Британи често ги прашува своите следбеници на Инстаграм за повратни информации за нејзините фустани, а таа го истражува и нивното мислење преку анкети. Исто така, ако забележи дека има многу голем одзив за фустан, се обидува да купи во неколку големини.

Таа планира и гаражата во нејзината куќа да ја претвори во продавница во која девојките ќе можат да ја видат облеката во живо, но и да ја пробаат пред да ја изнајмат.