ИМА 74 ГОДИНИ, ВЕЖБА СЕКОЈ ДЕН И СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МАРАТОН: Не се плашам, верувам во Господ! (ВИДЕО)

Индиецот Раџиндер Синг на 74 години се подготвува за својот прв маратон кој во октомври годинава ќе се одржи во Лондон. Без страв, без предизвик Раџиндер Синг имал пет години кога научил да трча. Во селото Девидаспура во Пенџаб, Синг научил од својот татко како да скока на јаже, како да трча, како да се грижи за себе.

Таткото на Синг, спортист кој служел во Втората светска војна со британската армија, секогаш му велел дека ќе го победи во трчање, но никогаш не успеал. Синг денеска на 74 години се подготвува за својот прв маратон кој во октомври ќе се одржи во Лондон. За време на викендите, со сеќавањата на охрабрувањето на неговиот татко, тој тренира за трка во близина на неговиот дом во Харлингтон, Западен Лондон.

Сепак, маратонот кој вклучува трчање 42,2 километри е голем предизвик. Синг вели дека не се плаши. „Не се плашам и не се оптоварувам. Верувам во Господ“, самоуверено вели тој. Синг неодамна доби признание за инспиративни видеа од вежби за време на пандемијата. Неговите видеа најчесто се направени во неговиот двор, каде рачно ја коси тревата.

„Понекогаш претерувам“, признава тој и додава дека има едно повредено колено, но и ревматоиден артритис. Неговиот максимален домет при трчање е 21 километар. „Вежбањето е мојата животна сила, спортот е како дел од моето семејство“, вели Синг, кој се преселил во Англија во 1971 година, каде му се придружил на својот вујко.

Штом почнал да работи како помошник на вујко му во работилница, ја купил својата прва тренерка „и продолжил да трча“. Често менуваше работа, беше столар, угостител, работеше во пекара, со авиокомпанија, како возач, на аеродром…

Во Лондон дознал за смртта на својот татко, кој и покрај големата желба никогаш не успеал да го посети. Синг често трча во друштво на сопругата и ќерката, а често добива аплауз од минувачите кога ќе го видат на патеката.