Индијците изградија 75 километри автопат за пет дена (ВИДЕО)

Проектот, на кој работеа 720 луѓе, започна на 3 јуни во 07:27 часот, а заврши на 7 јуни во 17 часот.

Работата што во некои земји трае неколку месеци, години, дури и децении, Индијците ја направија за помалку од пет дена.

За само 105 часа и 33 минути изградија автопат долг 75 километри.

Проектот, на кој работеа 720 луѓе, започна на 3 јуни во 07:27 часот, а заврши на 7 јуни во 17 часот.

Неверојатниот успех веднаш се запиша во Гинисовата книга на рекорди.

Министерот за патен транспорт Нитин Гадкари ги пофали сите инженери, изведувачи, консултанти и вработени во Националната управа за автопати на Индија.

– Со овој голем проект ги поврзуваме нашите градови Амравати и Акола, а новата делница ќе има значајна улога во олеснувањето на движењето на луѓето во овој дел на Индија – заклучи Гадкари.

Иако проектот се води како автопат, за ова може да се дебатира бидејќи патот изгледа многу помал на достапните фотографии.

Физички се одвоени коловозните ленти, но патот е многу тесен, а не се предвидени ниту ленти за застанување.