Исповед на девојка од породилиште: Ми побараа пари за да ми направат царски рез, иако мојот и животот на моето бебе беше во опасност

Здружението Baby Steps од Сараево ја сподели приказната за мајка од Босна и Херцеговина која, како што рекоа, доживеала прилично непријатно искуство. Имено, началникот на смената во породилиштето побарал да му платат 500 КМ за да ја породи трудницата со царски рез, иако таа веќе била во критична состојба. Во тој момент сопругот бил многу вознемирен. Од Здружението нагласија дека оваа приказна мора да се раскаже пред се поради храброста и трпението на оваа храбра жена, а потоа и за да се сврти вниманието на јавноста кон зголемената корупција во БиХ.




„После години борба со неплодноста, конечно успеавме во намерата да станеме родители. Бременоста помина одлично и едвај чекавме да започне породувањето. “ „Решивме да биди и сопругот со мене во време на породувањето и се чинеше дека се ќе биде совршено. По приемот и почетокот на контракциите, почнав да се отворам, но породувањето не тргна во очекуваниот правец“, вака го започнува своето искуство мајка која се породила во едно од најголемите породилишта.




„Поминаа часови и часови и никој не зборуваше со мене и мојата сопруга, а после тоа не знаеме ни по колку време дојде докторката и рече дека породувањето сепак ќе биде со царски рез. Бевме вчудоневидени, имав постојани контракции, но ништо не се случуваше, чекавме и не знаевме што ќе биди, бидејќи никој не ни се обраќаше нам“. „После неколку часа повторно дојде докторката и рече дека морам да одам со царски рез, но дека шефицата на смената, постарата докторка, се чуди на се и дека нема да ме однесе на царски рез додека не биде плати 500 км“, рече таа.




Целата приказна погледнете ја во видеото од исповедта на мајката, која храбро застана пред камерите и со својот пример покажа како се бори против неправдата, иако во тој момент немаше шанси да победи.