Исповед на една мајка: Веќе има 2 години, а јас сеуште не сум сигурна дали го сакам мојот син

Најголем број од родителите ќе ви кажат дека децата се најубавото нешто што некогаш им се случило, но исто така не можат да го негираат и фактот дека се и најголемата обврска и предизвик со кој се соочуваат. Па така, една мајка успеала да собере храброст и да им признае на сите дека нејзиниот живот драстично се променил откако го родила своето дете. Таа решила својата приказна да ја сподели на родителскиот форум “Мамснет” каде и се пожалила дека и по две години од раѓањето на нејзиниот син, таа се уште мора да се убедува себе си дека го сака, наместо тоа да и дојде природно.




Дури, и како што вели, размислува да го остави синот со неговиот татко и да замине. Очајната мајка раскажала и како пред раѓањето на детето мислела дека ќе биде најдобрата мајка на светот, но две години подоцна таа тврди дека е далеку од тоа. Таа вели дека ниту ужива во мајчинството, ниту пак во животот. Почнувам да се прашувам дали воопшто го сакам, бидејќи мајка која го сака своето дете сигурно не се чувствува вака, пишува таа и објаснува дека работи 4 дена во неделата и дека нема време за себе речиси никогаш.




Таа и додава дека нејзиниот син се уште не спие редовно навечер – односно спие по само 3 или 4 часа и сето тоа и го отежнува животот. Немам ни 5 минути за себе бидејќи тој секогаш сака да е блиску до мене и добива напад на бес доколку јас сум фокусирана на нешто друго, вели таа и признава дека често излегува од дома плачејќи наместо да се обиде да го смири. Најлошото од се е што таа чуствува дека нејзиниот син е таков само кога е во нејзино присуство и поради тоа почнала да размислува дека можеби е подобро да го напушти семејството и привремено да го посетува синот.




Мислам дека ќе е подобро тој да биде со мене на неколку часа во текот на неделата, отколку да мора вака да живее, заклучила таа. Поддршка и разбирање пристигнале веднаш од другите мајки, кои и предлагаат на очајната жена да побара стручна помош и да се обиде да се договори со таткото на детето да тој ги превземе домашните обрвски и да поминува повеќе време со детето.




За почеток ако можете земете неколку слободни денови бидејќи очигледно сте изложени на голем стрес. Одморот ќе ви помогне и да прераспределите некои работни обврски со партнерот, се вели во коментарите.