И покрај тоа што го малтретирале и го нарекувале девојче, ова момче ја растеше својата коса 2,5 години за да им ја даде на оние кои имаат потреба

Кристијан МекФилами е храбро момче кое доживеало ужасно малтретирање кое можелО многу лесно да го промени, но сепак решило да го трпи од вистински херојски причини. Кога имал 6 години, видел реклама со својата мајка Дина за деца кои боледуваат од рак и на кои им паѓа косата за време на терапијата и решил на некој начин да им помогне.




Неговата мајка му објаснила дека покрај тоа што на децата им требаат пари, многу луѓе ја донираат својата коса за да направат перики за децата на кои им треба. Кристијан решил да ја остави својата коса да порасне дури 30 сантиметри за да ја донира.




Можеби не знаел дека целиот процес ќе трае 3 години и во тој период децата го задевале и навредувале и му викале дека е девојче. По 3 години ја исекол својата долга руса коса и ја донирал за да направи перика за некое дете.




Погледнете го ова видео за да дознаете повеќе: