И понудил, да му биди девојка но таа јасно и гласно го одбила пред сите и заминала

Еден млад човек плетејќи мрежа околу девојката во која е длабоко заљубен остана со скршено срце откако една млада дама јасно и гласно му кажа дека ништо од нив нема да им се случи. Сцената на немилиот исход е снимена пред некој ден во Лима, а таа вели дека младиот човек се преправил во популарниот суперхерој Спајдермен за да ја маѓепса и ја убедувал да се согласи на врска.

Девојката тој ден отишла во кино да го гледа новиот филмски хит „Spider-Man: Road to No Return“ и била воодушевена кога видела колку и колку се труди нејзиниот омилен суперхерој. На почетокот се чинеше дека на младиот човек му оди одлично, таа остана весела дури и кога го виде натписот на кој пишува „Дали сакаш да бидеш моја девојка?“, но сето тоа тргна надолу откако тој ја извади маската.

Изразот ѝ се смени нагло, насмевката ѝ згасна во секунда и се чинеше како да е разочарана, како да очекуваше некој друг да се појави под маската „Извини, но не можам“, му рече таа и си замина, а видеото од тој пораз во меѓувреме стана голем хит на Фејсбук со повеќе од 145.000 реакции.

Да додадеме дека тамошните портали сè уште не го дознале идентитетот на главните ликови на приказната, па дали се работи за вистинска љубовна драма или сцената можеби е создадена за промоција на филмот (иако на делото навистина не му е потребно бидејќи соборува рекорди на рејтингот)