Каква идеја! Првиот куфер на светот кој се претвора во кревет или фотелја

Куферот доаѓа со вграден полнач за мобилни телефони и други електронски уреди, но и специјална фиока за чување лаптопи или таблети … Bagletti е името на првиот куфер на пазарот кој може да се трансформира во фотелја или кревет. Идејата беше на Алекс Горшечников кој реши да им направи помош на сите патници на долгите летови и на сите оние кои се навикнати да чекаат со часови на аеродромите за нивното следно качување.




Не само што секогаш ќе имате слободно место за седење со овој куфер, туку нема да морате ни да се борите за него со другите патници на аеродромите. Куферот Bagletti е со димензии 70х53х35 сантиметри, изработен е од алуминиум и пластика, а тежи околу 7,5 килограми.




Со неколку едноставни потези се претвора во фотелја, па дури и во кревет долг до 175 сантиметри, кој може да „издржи“ максимална тежина од 150 килограми . За да го направите вашиот одмор во куферот уште поудобен, можете да набавите и ќебе и перница.




Куферот доаѓа со вграден полнач за мобилни телефони и други електронски уреди, но и специјална фиока за чување лаптопи или таблети. Има и вграден сензор кој ве предупредува кога ќе се приближите до куферот, што го олеснува наоѓањето меѓу мноштвото чекиран багаж на аеродромите.