Како да се венчате во Италија и да заработите 2000 евра? Издвоени се милиони за ова случување

Кампањата беше лансирана за да се зајакне економијата во регионот и да се охрабрат паровите да го преземат овој чекор во времето по короната. Ако отсекогаш сте сакале венчавка надвор од Македонија, можеби во Италија, ова е вистинската вест за вас.




Можеби во вечниот град или во некој од ридските италијански градови Новата кампања на италијанскиот централен регион Лацио на паровите им нуди 2.000 евра да стигнат токму таму.




Италија ќе ви плати да се венчате, на пример, во Рим, пишува „Задовољна.рс“. Кампањата беше лансирана за да се зајакне економијата во регионот и да се охрабрат паровите да го преземат овој чекор во времето по короната. Кампањата беше лансирана за да се зајакне економијата во регионот и да се охрабрат паровите да го преземат овој чекор во времето по короната




Ако вашата апликација е успешна, можете да ги искористите тие пари за сите работи што вклучуваат планирање свадба. Фустан, цвеќиња, шминка, па дури и изнајмување простор каде што би се одржало. А ако ви останат пари, дозволено е да потрошите 700 евра на медениот месец. Единствена финта е што треба да трошите пари со ангажирање на фирми од тој регион.