Како што сееш, така и ќе жнееш: Оваа приказна ќе ве натера да размислите

Ако сееш зли дела и зборови, ќе ги жнееш! Во спротивно добро ќе жнеете. Оваа приказна ќе ве натера да размислите. Еднаш имаше една слаба бабичка која, кога ѝ почина саканиот сопруг, отиде да живее со синот, снаата и внукот.




Нејзиниот вид и слух се влошувале секој ден. Понекогаш рацете и се тресеа толку многу што грашокот од чинијата се тркалаше на подот и супата истекуваше од чашата. Синот и снаата не можеле да и помогнат, но биле изнервирани од нередот што го правела. И еден ден рекоа – што е многу, многу e, па ѝ поставија масичка во ќошот до орманот за метли и ја оставија сама да ги јаде сите оброци таму.




За време на оброкот ги гледаше од другиот крај на собата, со очите полни солзи, но тие речиси и не разговараа со неа, освен што ја караа кога ќе и испаднеше лажицата или вилушката. Една вечер, непосредно пред вечерата, малото девојче седеше на подот и си играше со коцките.




„Што правиш?“, сериозно ја прашал татко ѝ. „Ви правам масичка тебе и на мама“, одговорила таа. „За да можете да јадете сами во аголот кога ќе бидите постари“.




Таткото и мајката останаа без зборови и се чинеше дека тоа трае цела вечност. И тогаш почнаа да плачат. Во тој момент станале свесни за тоа што направиле и за тагата што ја предизвикале. Таа вечер ја вратија бабичката на вистинското место на големата маса и од тој ден таа секогаш јадеше со нив. И кога парче храна ќр и паднело од масата или вилушка залутала на подот, се чинеше дека на никого повеќе не му беше грижа.