Калуѓерка украла и прокоцкала речиси милион долари: Не е фер свештениците да се подобро платени од нас

Една постара калуѓерка во Америка е осудена на една година затвор поради проневера на пари од училиштето во кое работела како директорка. Таа се извини за своите постапки и ја прифати казната…
Калуѓерката Мери Маргарет Кројпер (80) од Лос Анџелес, оваа недела беше осудена на една година затвор за проневера на училишни пари, објави NY Post. Помеѓу 2008 и 2018 година, оваа постара дама „извадила“ околу 900.000 долари од католичкото училиште во кое работела како директорка, кои потоа ги потрошила како што сакала.

А најмногу од сè, според сите сметки, таа сакала да се коцка. Откриено е дека таа често го посетувала Лас Вегас, но и други помалку познати дестинации за коцкање. Немам оправдување за моите постапки. Згрешив и го прекршив законот – изјави таа на суд. Кога ја фатија, првото нешто што ни кажа е дека го направила тоа бидејќи смета дека не е фер свештениците да се подобро платени од калуѓерките.

Иако годишната школарина е 6.000 долари, г-ѓа Кројпер често барала донации од родителите за подобрување на училиштето. Но, овие средства никогаш не биле искористени за подобрување на училиштето – тврди обвинителот и веднаш продолжува: Родителите го избраа ова училиште за своите деца поради католичките вредности и сега се чувствуваат измамени. Некои родители ми кажаа дека овој случај им ги однел децата од црквата и од Бога – изјави Кумар.

Но, имало и родители кои барале од судот да и прости се. Жената работи во образовниот систем веќе 58 години. Таа е директорка на ова училиште во последните 28 години. Не велиме дека е добро тоа што го направила, но бараме судот да има предвид се што направила за заедницата во последните децении – стои во дописот што неколку родители го потпишале и го испратиле до судот.

Иако обвинителството бараше две години затвор, судот одлучи да ја „преполови“ казната. Сестра Кројпер мора да се јави на отслужување на казната на почетокот на јули.