Камерман со опрема истрча побрзо од спринтерите на трката на 100 метри и стана хит на Интернет (ВИДЕО)

Неверојатна брзина!
Неофицијално, тој стана најбрзиот снимател на светот. Хао Ксиаојанг, студент на Факултетот за спорт и физичко образование, беше задолжен за снимање на трката на 100 метри за време на универзитетски натпревар во Кина, но наместо тоа стана хит на социјалните мрежи.

Неговата задача беше да трча по патеката во согласност со конкурентите, да понуди странични агли, како снимки од автоматски фотоапарати инсталирани на стадионите за време на големите натпреварувања, но Ксијаојанг беше побрз од самите спортисти.

Точно, тој започна неколку метри напред, држејќи камера и стабилизатор во раката, но фасцинантно е како успеа да ја сочува предноста до целта и да ги надмине другите спринтери во трката.

Видеото наскоро стана вирален хит, а Ксиаојанг за Ројтерс изјави дека само сака да ги сними најдобрите можни снимки.

Погледнете како изгледаше сето тоа: