Камионџијата ја видел страшната несреќа и истрчал да ги спаси луѓето, а потоа ја видел снимката на камерата

Секојдневно на патиштата се случуваат опасни сообраќајни несреќи.




Животот на луѓето вклучени во сообраќајна несреќа обично зависи од другите и најважен фактор е времето.
Дејвид Фредериксен е професионален возач на камион и поминува многу време на пат, возејќи низ бројни држави.




Камерата во неговиот камион снима се што се случува на патот и на овој ден снимила нешто неверојатно.
Дејвид и неговиот колега возеле по патот во Билокси, Мисисипи, кога виделе автомобил како вози на погрешна лента.




Се судрил со камион и се запалил.
Дејвид истрча од камионот и се упати кон автомобилот.
Тој бил сигурен дека луѓето не преживеале, но сепак решил да се обиде да им помогне.




Тој со противпожарен апарат се приближил до автомобилот и на негово изненадување преживеале бабата и нејзината двегодишна внука.




Успеал да ги однесе на безбедно и на тој начин да спаси два животи.