Камион натоварен со бетонски елементи пребрзо влегол во кривина, и настанал хаос (ВИДЕО)

Влегол во кривината како да е во трка, а заборавил колку носи.

На социјалните мрежи кружи видео од камион натоварен со бетонски цевки кој пребрзо влегува во кривина и цевките паѓаат од камионот и уништуваат паркирани автомобили.

Снимката е снимена во Бразил, а гледачите се согласиле дека камионот превезувал премногу товар и дека пребрзо влегол во кривината.

Видеото од несреќата го снимила улична камера, а штетата предизвикана од несоодветната брзина може да ја погледнете во продолжение.